Секторот за внатрешни работи Скопје, поднесе кривична пријава против Е.Р. (23) и А.Т. (21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство”.
Во неделата околу 22 часот во кафе бар на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје, додека сопственикот Д.С. седел со лицето А.П, дошле пријавените Е.Р. и А.Т. и физички ги нападнале, при што на Д.С. и на А.П. им се нанесени и повреди со нож во пределот на градниот кош.
Нападнатите се здобиле со тешки телесни повреди, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. По настанот, сторителите биле приведени и задржани во полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст