| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата на Лас Вегас има доволно докази за Роналдо

Фудбалската ѕвезда, игач на италијански Јувентус, Кристијано Роналдо се наоѓа во огромни проблеми по обвинувањата дека силувал девојка во Лас Вегас во 2009 година.

Роналдо, според зборовите на Кетрин Мајорга, ја силувал во еден хотел, а полицијата на Лас Вегас веднаш почна истрага, по што соопштија дека имаат доволни докази за случајот.

– Тестовите кои тогаш биле направени не исчезнале, ние ги поседуваме.  Имаме доволно докази против Роналдо – порачал портпаролот на полицијата, а пренесува италијански „Калчомеркато“.

Адвокатските тимови се во постојан контакт со полицијата, а наскоро се очекува и сослушување на Португалецот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top