| четврток, 6 декември 2018 |

Активистката Моника Ристеска што пушеше марихуана и се снимаше, заврши во Шутка

Активистката Моника Ристеска доби 30-дневен притвор, откако претходно беше изведена пред судија на претходна постапка.

Таа ќе биде спроведена во затворот Скопје (Шутка), каде ќе ја чека жалбената постапка пред кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината, вчера при претрес во нејзиниот дом полицијата пронајде 30 мл. масло од канабис и 15 гр. канабис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top