Платформа од 15 невладини организации, кои се борат против ширењето на вирусот ХИВ доставија демант до „Економски Лидер“, за статијата која беше објавена „Бизарно: Владата финансира набавка на лубриканти – распишан тендер!
Република онлајн го пренесува демантот, но и ставот на „Економски лидер“.
Од платформата, каде што членува и ХЕРА (организација во која своевремено работеше министерката Мила Царовска), велат дека се зачудени што медиум како Лидер, кој според нив е близок до ЛГБТ заедницата, објавува ваква статија.
Демантот на организациите ви го пренесуваме во целост, главните поенти од нив е дека лубрикантот е корисен за заштита од ХИВ, затоа што поради него не се кинат кондомите и дека лубрикантот не се пакувал во шишиња туку во помали пакувања:
Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка во врска со ХИВ најстрого ја осудува објавата со наслов „Бизарно: Владата финансира набавка на лубриканти – распишан тендер!“ во електронскиот медиум lider.com.mk (управител и раководител Љупче Златев), објавена и на други портали, која изобилува со невистини, како и тенденциозни, партиско-политички мотивирани и стигматизирачки наводи.
Медиумот ја дезинформира јавноста со тврдењето дека „лубрикантите немаат никаква врска со заштита од ХИВ вирусот“. Напротив, лубрикантите претставуваат основно средство за превенција и од нив зависи ефективноста на кондомите, бидејќи тие ја намалуваат можноста кондомот да се скине. Светската здравствена организација препорачува дека кондомите како средство за превенција ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се промовираат и направат достапни заедно со лубриканти, со цел успешна превенција на ХИВ за клучните популации засегнати од овој вирус.
Ја информираме јавноста дека во Република Македонија, лубрикантите се дел од основниот пакет за превенција, во согласност со светските стандарди пропишани од Програмата за СИДА на Обединетите нации (УНАИДС) уште од 2005 година. Во таа насока лубриканти се набавуваат во континуитет од страна на Министерството за здравство повеќе од 12 години наназад и се дел од сите национални стратегии за ХИВ на Република Македонија.
Во објавата грубо се менуваат факти, со тоа што за пакувања со количество од 3 до 5 мл (кои служат за еднократна употреба) се тврди дека се шишиња, и покрај тоа што медиумот се повикува на самата тендерска документација во која прашањето е прецизно специфицирано.
Неточно е и тврдењето дека оваа година е евидентирано енормно зголемување на трошењето за оваа програма, која лани се финансирала со 11 милиони денари. Имено, во последните 5 години трошењето во рамките на Програмата за ХИВ на годишно ниво се движело од 116 милиони денари во 2014 година до 150 милиони денари во 2016 година, додека мината година изнесувало 65,4 милиони денари.
Во објавата се користи партиско-политички мотивиран и стигматизирачки јазик. На пр. „Набавувач е ова здружение кое е непознато на пошироката јавност, а со парите кои ги има добиено од Владата ќе ги “подмачкува“ хомосексуалците и лезбејките од Скопје“. Здружението ЕГАЛ е долгогодишен имплементатор на програми за ХИВ уште од 2008 година, како дел од националната стратегија и програма. Во таа смисла зачудени сме што еден современ електронски медиум како lider.com.mk, кој е близок на ЛГБТ заедницата, не е запознаен со основните, универзални и докажани алатки за превенција на преносот на ХИВ по сексуален пат и си дозволува за истите да дезинформира и да придонесе за стигматизација на ЛГБТ заедницата. Дополнително, стигматизација се врши и на граѓанскиот сектор кој повеќе од една деценија спроведува теренски програми за тешко-достапни популации.
Истакнуваме дека програмите за превенција на ХИВ кај клучните засегнати популации се во континуитет поддржани од сите влади од 2004 г. до денес, преку Министерството за здравство. Во периодот од 2005-2017 г. тие беа кофинансирани од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, а почнувајќи од 2018 година се целосно финансирани од националниот буџет во согласност со преземените обврски на државата. Од минатата година Република Македонија е препознаена од Светската здравствена организација и други релевантни чинители како земја пример во регионот и пошироко за успешно одржување на програмите за превенција од ХИВ и партнерство помеѓу институциите и граѓанскиот сектор. – стои во демантот.
Владата ја потврди информацијата на Економски Лидер дека со државни пари невладината организација ЕГАЛ ќе набавува лубриканти за хомосексуалната популација.
На денешната прес конференција на директорката на клиниката за инфективни болести која во исто време е претседател на националната комисија за ХИВ , Д-р Милена Стефановиќ, таа истакна дека невладината морала да набави пакувања со лубрикант затоа што тие се делеле заедно со кондомите.
-Едукацијата во превенцијата од ХИВ и користењето на кондом и лубрикант се многу важни за да се спречи ширењето на оваа болест. Постојат кондоми за одредени сексуални групи кои е неопходно да се користат заедно со лубрикант. Веројатно во организацијата им се истрошиле лубрикантите кои ги делат заедно со кондомите и морале да набават нови. – изјави д-р Стефановиќ на прес конференцијата.
Таа додаде дека е многу горда што државата ги финансира овие проекти со кои граѓаните се штитат од ХИВ вирусот.
Инаку претходно Лидер објави дека бизарна јавна набавка осамна вчера на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје.“
Набавувач е ова здружение кое е непознато на пошироката јавност, а со парите кои ги има добиено од Владата ќе ги “подмачкува“ хомосексуалците и лезбејките од Скопје, каде што е носител на државниот проект.
Тендерската документација за набавката до која стигна Економски Лидер е обилна, а во неа стои дека оваа невладина организација во склоп на „Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018“ со државни пари, ни помалку, ни повеќе – ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15ти месецов.
Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.
Владата потврди: Лубрикантите се купени затоа што се делат заедно со кондоми!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст