| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ обезбеди мулти милионска соработка: Српскиот „Фиат 500“ ќе се продава во Евроазиската унија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека со претседателите на Казахстан и Русија повторно дискутирале за бесцарински извоз на српскиот “Фиат 500 L”, пренесува Б92.

– Го прашав премиерот Сагинаев, го замолив и претседателот Назарбаев, го замолив и Владимир Путин да ни овозможат безцарински извоз. Станува збор за одредени производи, одредени видови на сирење, цигари, месо од живина,а јас повторно ја спомнав можноста за пласман на 5.000 автомобили. Вториот круг на преговори е завршен, на третата рунда на преговори во јануари, се надеваме дека нашите руски партнери и Казахстан ќе ги исполнат нашите барања – рече Вучиќ пред новинарите на прашањето дали Србија би можела да го зголеми бесцаринскиот извоз на Евроазиската унија.

Тоа е, како што рече Вучиќ, пазар од 185 милиони луѓе кои го сочинуваат граѓаните на Киргистан, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Русија.

– Би било премногу оптимистички да кажам дека е сигурно, а песимистички ако речам дека е невозможно. Секој гледа да ги заштити своите интереси. Чудно е што Европската унија не ме уапси кога ја бранев млечната индустрија  – рече Вучиќ.

– Во Петрохемија имаме резерви во пари, но ако цената на нафтата почне да расте, тоа е невозможна мисија за нас и ние нема да можеме да го издржиме. Прилично е тешко – рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србија секако ќе побара да се најде партнер за Петрохемија, но исто така и дека ќе направат понатамошни големи чекори во соработка со Казахстан.

Вучиќ вели дека очекува следната година Србија да ја посети Назарбаев.

Тој додаде дека соработката е можна во однос на образованието и здравјето.

Вучиќ рече дека разговарал со Казахстан со претставниците на таа земја за можноста за изнаоѓање стратешки партнер за Петрохемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top