| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“

Општина Аеродром денеска соопшти дека од градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче потврдуваат дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот, за кој излегоа информации во јавноста дека две негувателки несоодветно се однесувале кон децата.

– Земени се изјави од родителите и од вработените, по што е направен и записник од страна на психологот во градинката, според Протоколот за постапување во случај на инцидент, се наведува во соопштението од општина Аеродром.

Министерството за труд и социјална политика претходно најави вонредна инспекција од Секторот за инспекцски надзор за детска заштита при МТСП.

Општина Аеродром, се вели во соопштението, најстро осудува секаков вид насилно и несоодветно однесување кон децата и е посветена на целосно расчистување на овој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top