Прилепското Јавно обвинителство до Основниот суд во Прилеп поднесе обвинение против едно лице за полови дејствија врз петгодишно дете. За кривичното дело за кое се товари обвинетиот предвидена е затворска казна во времетраење од најмалку 12 години.
– По сеофатна истражна постапка и прибирање на доказен материјал, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основниот суд – Прилеп поднесе обвинителен акт против едно лице што се гони за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, соопшти Јавното обвинителство.
Обвинетиот, во јули годинава, во парк во кругот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз петгодишно дете. По пријава од вработените во Здравствениот дом обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка.
Во исто време поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст