| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Како благодарам за лојалноста на аеродромци, синоќа им го скалпирале паркот кај Мајчин дом

– Жителите на општина Аеродром, лани на локалните избори дадоа огромна подршка на СДС, понесени на крилата од заевото АЈРО! Шилегов и Марин ветуваа зголемување на зелените површини и чист воздух. Ако смеам да приметам и на референумов на 30-ти не мал број граѓани излегле и им дале подршка. Како благодарам за лојалноста, погоре посочениве ликови на аеродромци синоќа им го скалпирале паркот кај Мајчин дом и на негово место ќе градат огромна зграда, пишува политичкиот аналитичар, Александар Пандов на својот Фејсбук профил.

– Во пресрет на грејната сезона, мислам дека не треба да ви кажувам колкава прашина, прљавштини и ѓубре носи нејзината изградба и колкаво подобрување на квалитот на воздух истата ќе донесе! Вака со лажење на народот ли ќе одиме во ЕУ? Имате ли бе вие бар малку срам и образ?, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top