| четврток, 6 декември 2018 |

Со пари на државните обврзници Владата ќе набави 20.000 шишиња со лубрикант

Бизарна јавна набавка осамна вчера на страницата на Бирото за јавни набавки, со државни пари ќе се набавуваат 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје“, пренесува „Лидер“.

Тендерската документација за набавката до која стигна „Лидер“ е обилна, а во неа стои дека оваа невладина организација во склоп на „Програма за заштита на население од ХИВ во Република Македонија 2018“со државни пари, ни помалку, ни повеќе – ќе набавува 20.000 шишиња лубриканти. Понудите за набавка на лубрикантите, заинтересираните компании може да ги достават најдоцна до 15ти месецов.

Во техничката спецификација е наведено дека лубрикантите треба да бидат без вкус, без мирис и без боја.

Тендер за набавка на Лубриканти

Краток предглед на докуметацијата

Како штитат лубрикантите од ХИВ?!

„Лидер“ се обиде да стапи во контакт со здружението „ЕГАЛ“ за да го постави прашањето: Каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ? И зошто парите на даночните обврзници се трошат за оваа намена, ако се има предвид дека лубрикантите немаат никаква врска со заштита од ХИВ вирусот?

Никој не одговари на телефонските повици на официјалниот телефон 02 3220 851 кој е оставен на нивната официјална веб страница (egal.org.mk)

Програмата за заштита на населението од ХИВ вирусот за 2018, од која „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје“ има добиено средства за јавната набавка на овие лубриканти, е финансирана од владата и потпишана лично од премиерот Зоран Заев. Во неа годинава се издвоени над 95 милиони денари (или 1,5 милиони евра) државни пари, кои ќе се потрошат за оваа намена. Годинава е евидентирано енормно зголемување на трошењето за оваа програма, која лани се финансирала со 11 милиони денари. Целата програма можете да ја погледнете во документот на следниот линк .

Невладината „Здружение на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје“, постои во 2004 година. Проверката во централниот регистар покажува дека единствено поврзано лице со неа е извесен Зоран Јорданов, кој е претседател и законски претставник на здружението.

Кратката проверка по интернет, покажува дека оваа невладина организација има свои СОС линии за хомосексуалци и лезбејки, но и помош за оние ЛГБТ лица кои имаат СИДА.

Во 2014, оваа невладина организирала фестивал на ЛГБТ лицата наречен „Ѕуница“. На постерот за овој фестивал, заштитно лице бил сегашниот пратеник а тогашен нивни активист, Павле Богоевски.

Постер на невладината ЕГАЛ, заштитно лице пратеникот Павле Богоевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top