Времето денеска ќе биде сончево, во западните делови со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен северoисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 27 степени.
Во Скопје ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а температурите ќе достигнат 25 степени.
И во наредните денови ќе преовладува сончево време со малку постудени утра, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.