Владата, на денешната вонредна седница, го усвоила предлогот за пристапување кон уставни измени, согласно договорот со Грција и ќе го достави до парламентот.
Седницата траеше помалку од два часа, а на прес-конференција веднаш потоа, владиниот портпарол Миле Бошњаковски соопшти дека е усвоен предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот.
„Ние го направивме првиот чекор. Предлогот оди во Собрание и очекуваме пратениците уште утре да почнат со работа“, изјави Бошњаковски.
Тој рече дека предлогот се однесува на четири можни амандмани што беа споменувани и претходно. Едниот амандман е за внесување на придавката „Северна“ пред името на државата Република Македонија. Втората интервенција е во преамбулата, каде што ќе се посочи на одлуките на АСНОМ. Потоа се интервенира во членот три, односно во делот со кој се отфрлаат територијални претензии кон други држави и зајакнуваат формулациите во однос на територијалниот интегритет на земјата. Четвртиот амандман би бил за корекција на членот 49 од Уставот, каде што се уредени праваат на македонското малцинство во соседните земји, а целта е за целата дијаспора да важат правилата од меѓународните конвенции за малцинствата.
Бошњаковски соопшти дека целиот текст на предлогот за пристапување кон уставни измени наскоро ќе биде објавен на интернет-страницата на владата. Тој посочи и дека за отпочнување на процесот на промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст