| четврток, 6 декември 2018 |

Сите надежи беа залудни: Се разведоа Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Надежите на навивачите на Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа залудни. Еден од најпознатите и најубави холивудски парови веќе и официјално се разделени, откако во петокот двајцата ги потпишаа документите за развод.

Бурната љубовна приказна на Бен и Џенифер започна во 2004 година, а 10 месеци подоцна ѕвездите се венчаа со романтична свадба во тесен круг на островите Туркс и Каикос, распоредени во крајните југоисточни делови на Бахамскиот архипелаг.

Актерите имаат три деца – 12-годишната Вајолет, 9-годишната Серафина и 2-годишниот Семјуел.

Првите гласини за проблеми во односите ги слушнавме во 2013 година, а во 2015-та ѕвездите се разделија јавно по 10-години брак, откако Џенифер изјави дека ќе продолжи да го поддржува Бен во неговата борба со зависноста од алкохол

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top