| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски до Заев: Стануваш заштитник и промотор на криминалот, одиш против народот и се плашиш од избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска му упати отворено писмо на премерот Заев кое ви го пренесуваме во целост:

Преку неприфаќањето на предлогот и неговото молчење за формирање на независно обвинителство кое ќе се бори против криминалот одбра да се стави во улога на заштитник и промотер на криминалот, неправдата и безаконието во оваа држава. Дополнително со тоа покажа дека борбата против криминалот е само фарса за оваа власт и дека токму таа кумува со сите криминални процеси во државата, стои во писмото на Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДМОНЕ смета дека со самото тоа што не се откажува од штетниот договор, Заев не ја почитува волјата на граѓаните и пораката кажана на референдум дека договорот се отфрли. Договорот преку кој Заев сака да ја прекрсти на сила државата и народот, е последната сламка за спас на неговата кариера и неуспешен обид да избега од одговорност за сите афери и скандали. Нема друга држава во Светот каде премиерот отворено си кажува дека нема да ја почитува волјата на мнозинството граѓани и јавно кажува дека поисплатливи му се јаловите обиди за условување и уцена на пратеници. Тоа нема да помине, му прачува на Зоран Заев преку отвореното писмо Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top