| четврток, 6 декември 2018 |

Ловџија од Гостивар се застрелал во стапалото

Вчера околу пладнe во болницата во Гостивар, со прострелна рана од огнено оружје во десното стапало бил донесен Д.Н. (39) од Гостивар. По укажаната лекарска помош, тој бил пренесен на скопските клиники.

Д.Н., според пријавеното, додека бил во заседа при лов, се ранил со ловечка пушка во атарот на селото Сретково. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top