| четврток, 6 декември 2018 |

Кацарска ја осуди Јанкулоска и по барање на СЈО забрани ексминистерката да го напушта Скопје

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, не смее да го напушти Скопје. Откако судијката Добрила Кацарска денеска ја осуди Јанкулоска на 6 години затвор за набавката на владиниот Мерцедес, обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара од судот, засилена мерка за Јанкулоска, оти имало опасност од бегство. И покрај фактот што против Јанкулоска во тек се повеќе судења по различни предмети на кои таа секогаш е присутна, Судот му удоволи на СЈО и од денеска мерките на претпазливост за Јанкулоска се заменуваат со забрана на напуштање на градот во кој живее.

Во образложението на пресудата, Кацарска главно зборуваше за обвинението на СЈО, делот со одбраната на Јанкулоска, го спомна во една реченица, посочувајќи дека ќе било напишано во пресудата. За Судот небитни беа доказите и исказите на сведоците дека владиниот мерцедес морал да се набави, туку според судот спорен бил начинот на набавка на блендираното возило. За време на целиот процес одбраната посочуваше дека законите во државата се антимонополски и невозможно било да имало фаворизирање на еден економски оператор, кога секоја компанија која се занимавала со овој бизнис имала можност да се пријави на тендерот. Дополнителен факт што според адвокатите на Јанкулоска, одеа во позла на обвинетата односно дека таа нема сторено кривично дело е и тоа што иако законот дозволувал набавка на безбедносно возило без објавен јавен оглас, сепак МВР распишале јавен тендер за да купат блендиран автомобил. За време на судскиот процес, Комисијата за заштита од дискриминација, утврди дека судијката Кацарска, за време на судењата го повредила достоинството на екс министерката за внатрешни работи, а со тоа создала понижувачка состојба и вознемирување, беше констатирано во извештајот. Поради оваа адвокатите побараа изземање на Кацарска но претседателот на Кривичен Иван Џолев,одлучи ништо да не смени во судечкиот совет за случајот Тенк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top