| четврток, 6 декември 2018 |

Осомничена дека го убила мажот со секира, доби еден месец притвор

Основниот суд во Приштина и изрече мерка притвор во траење од 30 дена на Сузана Зогиани-Секираќа, која е осомничена дека со секира го убила својот сопруг Артан Секираќа во нивниот дом во местото Дол во округот Жира во Франција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Убиството на 33-годишниот Артан, според досегашните сознанија, се случило на 21 септември годинава, а неговото речиси обезглавено тело беше пронајдено во станот на брачната двојка Секираќа во Франција на 3 октомври, откако соседите пријавиле дека од станот се шири тешка реа.

Француското обвинителство, веднаш по откривањето на случајот, објави дека главна осомничена за убиството извршено со секира е сопругата Сузана, која беше уапсена во Приштина, од каде што потекнува, на 5-ти овој месец. Против неа е покренато обвинение за „тешко убиство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top