Согласно Законот за празници вторник 11. октомври, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Меѓутоа, за одреден дел од вработените во приватниот сектор, овој неработен ден ќе биде работен, бидејќи тие ќе треба да бидат на своите работни места. Истото се случува и за време на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според закон.
Во случај работодавачот да наложи за време на празник да бидете на работа, должен е тоа да го пријави во Трудова инспекција, а вам да ви исплати празнична дневница.
Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.
Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…