Во кино „Милениум“ синоќа беше отворен 6. Филмски фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“, со италијанскиот филм „По трагите на мојот татко“ на режисерот Марко Сегато.
До 11 октомври фестивалот ќе се оджрува на повеќе локации во Скопје. Програма содржи долгометражни и краткометражни филмови, креативни работилници, мастеркласови, креативни и едукативни активности во кои ќе бидат вклучени околу 650 деца и млади на возраст од 10 до 19 години. Покрај деца од Македонија, во жирито ќе учествуваат над 50 деца од странство, кои за време на фестивалот ќе бидат гости во домовите на своите другарчиња.
Тема на годинашниот фестивал е „Вода (Аква)“, со што „Џифони“ почнува циклус посветен на екологијата. Во наредните две години ќе следуваат „Воздух“ и „Земја“, а за таа цел како партнер на фестивалот се вклучува „Пакомак“.
На синоќешното отворање присуствуваа ученици од основни и средни училишта од десет земји, претседателот на „Џифони Експириенс“ од Италија, Пјеро Риналди, италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео, претставници од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Во име на организаторот – Здружението за медиумска писменост „Планет-М“, Дарко Башески ги поздрави присутните гости и ги покани децата за време на фестивалските денови да го слават филмот, радоста и пријателството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст