| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани се жалат на непријатен мирис од хемикалии во воздухот вечерва

Граѓаните од населбата Пролет близу Железничката станица во Скопје се жалат дека вечерва осетиле мирис на пестициди кои им предизвикувал иритација на очите. Тие велат дека мирисот е неподнослив и навлагал во нивните домови, пренесе порталот Лидер.

Локалното население се жали дека се обиделе случајот да го пријават во инспекциските служби, но не успеале, бидејќи никој не одговарал на телефонските повици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top