| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Фарсата на Заев за наводна борба против криминалот е разголена, во оваа држава мора да завладее правото

Договорот кој го потпиша СДСМ со Грција е веќе мртов и политички и правно, судбината му ја одредија граѓаните на референдумот. Македонија е влезена во тешка политичка криза, секој обид за насилно спроведување на договорот преку игнорирање на волјата на граѓаните ќе ја втурне државата во сеопшта криза, порачува Никола Србов.

-Криминалот кој власта сакаше да го прикрие преку овој договор беше осуетен и од ВМРО и од граѓаните. Фарсата на Зоран Заев за наводна борба против криминал е целосно разголена, во оваа држава конечно мора да завладее правото, да се закопаат криминалот и корупцијата, а за тоа се потребни силни институции. Излезот од оваа бездна во која се најде Македонија, а во која ја втурна Заев со неговата влада, е единствено во спроведување на парламентарни избори. Претседателот Мицкоски јасно истакна дека ВМРО ДПМНЕ е спремна за парламентарни избори. Тие се неопходни за излез од оваа криза на кои граѓаните ќе ја повторат изразената волја од референдумот. Кога во прашање е Македонија одговорот е ВМРО, порача тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top