| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Три прави, три опачни“ на сцената на Велешкиот театар

Интимен театар од Битола со претставата „Три прави, три опачни“ (седум осмини) по текст на Никола Пројчевски и во режија на Софија Ристевска-Петрушевска вечерва ќе настапи на малата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес.

Во претставата настапуваат актерите Никола Пројчевски и Јасмина Петровска, тон мајстор е Христијан Манојловиќ, а светло мајстор Томе Ѓорѓиевски.

„Три прави, три опачни“ е сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во општеството.

Пројчевски во претставата игра неколку ликови, што самостојно се справуваат со битката за опстанок и самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top