Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 македонски државјани кои се осомничени дека присвојувале добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости.
– Сите осомничени се товарат дека сториле кривично дело Злосторничко здружување по член 394 од Кривичниот законик. Покрај ова, осомничените сториле и други кривични дела и тоа: шестмина се сомничат и за изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по чл.266 од Кривичниот законик, на 11 осомничени лица им се става на товар и кривичното дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 од Кривичниот законик, шест лица од осомничените се теретат и за кривично дело „прикривање“ по член 261, а три лица и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, појаснуваат од Основното јавно обвинителство.
На седумммина осомничени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а на едно лице му е изречена мерка за обезбедување присуство.
По едногодишна коодинирана акција со Министерството за внатрешни работи утврдено е дека тројцата првообвинетите создале група со која на територијата на Македонија превземале заеднички или поединечни дејствија на присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости. На групата се придружиле и останатите осомничени по што со однапред договорени задачи за секој од нив дејствувале во периодот од втората половина на 2017 година до 4 октомври годинава. Осомничените биле во постојана комуникација разменувајќи информации за позиционираност на археолошки локалитети на различни локации што содржат недвижни добра под привремена заштита односно културно наследство низ целата територија на Република Македонија. Информациите меѓусебно ги споделувале и заедно или самостојно, заминувале на археолошките локалитети кадешто вршеле мерења на теренот, а потоа користејќи детектори за метал вршеле илегални ископувања.
Пронајдените археолошки предмети ги чувале во сопствените домови или ги прикривале кај НН припадници од групата. Археолошките предмети и природните реткости со непроценлива материјална вредност преку социјалните мрежи или во директни контакти со непознати купувачи од земјата и странство ги нуделе на продажба и ги продавале надвор од државата. Со ваквата постапка предметите трајно ги отуѓувале и на тој начин предизвикале непроценлива материјална штета за Р.Македонија.
– При претрес на домовите на осомничените пронајдени се предмети под привремена заштита, односно културно наследство со непроценлива вредност сопственост на Република Македонија како и природни реткости прибавени со кривично дело и истите се предадени на идентификација, наведуваат од Основното јавно обвинителство.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст