| четврток, 6 декември 2018 |

Стефан Влахов Мицов открива: Бачев е „гаваз” на Заев

Партијата Единствена Македонија и нејзиниот „лидер“ Јанко Бачев се творба на Заев, тврди потпретсдателот на таа партија Стефан Влахов Мицов, кој во отворено писмо до јавноста реши да ги обелодени сите валкани игри, на како што вели, „удбашот“ Јанко Бачев.

Според зборовите на Влахов Мицов, Јанко Бачев бил во директна комуникација со Зоран Заев од кого бил и финансиран, за да се прикаже наводно „руско влијание“ во Македонија со цел да се зголеми притисокот на НАТО во земјава.

Мицов открива и дека стратегијата на СДСМ преку Единствена Македонија било да се киднапира движењето #Бојкотирам и истото да се задуши, односно да се престатави како „руски“ проект со кој Македонија би била претставена како земја нападната од Русија во информативна војна.

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ПАРТИЈАТА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани македонски патриоти,

За почеток ќе кажам две нешта: прво, во мојот досегашен живот не сум дозволил некој да ме искористи за туѓи цели, надвор од моите идеи и интереси; второ, кога станува збор за клучни прашања, подобро е да си активен учесник во нив отколку пасивен посматрач.

ПРОЕКТОТ „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА“
пред и зад сцената

Некаде во јуни минатата година кај мене, во Институтот за национална историја, дојде и се претстави Јанко Бачев. Рече дека имал партија и сакал да ја ребрендира во насока против НАТО и ЕУ и за пријателство со Русија. Кој ги читал моите колумни во македонскиот печат од 2003 г. наваму, знае дека мојот став е ист. Потоа се видовме неколку пати со Маријан Камилоски, со поетот Ефтим Клетников и др. Му сугерирав на Бачев да ја ребрендира партијата пред локалните избори, за да го провери ефектот од промената. Не сакаше, се плашеше. Работата заврши тука.

Некаде во ноември пак се јави дека донел одлука да се ребрендира. Се заинтересирав за него и за НДМ (Народно движење за Македонија). Дознав, бил припадник на тајните служби, ги напуштил во 2002 година и веднаш создал партија, која останала сосема маргинална цели 16 години. Чесен или некадарен „удбаш“?

Знам дека сите партии во Македонија – големи и мали – се под контрола на западните служби и на нивните македонски марионети. Некои од нив: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и други, дури и се создадени од странските служби. Од друга страна, дознав дека последниве години се правени неуспешни обиди за формирање организации против НАТО и ЕУ. Ненормално е во една словенска држава како Македонија, сите постојни партии да бидат ориентирани кон Западот, иако голем дел од населението е за пријателство со Русија. Затоа прифатив да бидам заменик-претседател на ребрендираната партија под цврст услов: да имам паритетно учество во нејзината стратегија и тактика. За да нема промашувања, напишав партиската програма (делот за Евроазиската унија го подготви друг колега), која беше поделена во илјадници примероци низ Македонија.

Сепак, малку ме изненади предлогот на Бачев амблемот на Партијата да биде толку близок со тој на „Единствена Русија“. Од една страна изгледаше додворувачки, од друга (поважната за мене), можевме да бидеме искористени од западната пропаганда дека шириме руско влијание.
Во суштина, „Единствена Македонија“ мораше да биде радикална македонска партија, која сака стратешко партнерство со Русија и членство во Евроазиската унија за да ги реализира македонските национални интереси.

Затоа и во амблемот беа додадени 16-кракото сонце, лавот и црвената боја.

По ребрендирањето на 21 јануари, само за 4 месеци, Партијата создаде 62 општински комитети. Успеавме да ги донесеме во Македонија познатите Дугин и Савин (со поткрепа на наши пријатели). Во април остваривме средби во Москва и бевме пред потпишување на договор со партијата „Единствена Русија“. Но, колку повеќе што јакнеше Партијата, толку беше поголем отпорот против неа (нема друг случај за една партија во толку краток рок да се напишат стотици негативни текстови, додека фаци како Геровски, Тричковски, Спасов, како и „Гласот на Америка“, „Слободна Европа“, „Дојче веле“ и др. буквално „спиеја“ со Партијата.

Теренската дејност на Партијата практично заврши во почетокот на јуни, по новата посета на г-дин Савин, кој имаше неколку предавања во Скопје.

ЗАД СЦЕНАТА

Во суштина, идејата за создавање „проруска“ партија во Македонија е на хунтата на Заев. Целта е да се прикаже руското влијание и со тоа да се мотивира западниот притисок за НАТО, како и геноцидот врз македонскиот народ и уривањето на македонската држава. Предвреме Мицковски изјави дека Бачев е човек на Заев. Американските марионети Заев и Спасовски побарале свои марионети за нарачката од Американската амбасада.

Како веќе споменав, некои работи ми беа чудни уште од почетокот. Како човек од типот на Бачев кој се шетал на Запад, а во Русија отиде првпат во април годинава, одеднаш стана толку проруски ориентиран? Зашто, надвор од договореното, почна да објавува провокативни соопштенија од кои излегуваше дека Партијата е продолжена рака на Русија? Работите се разоткриваа чекор по чекор:
Прво, „Единствена Македонија“ стана султан-партија. И досега дури и членовите на Извршниот комитет не знаат како се финансира Партијата, какви пари се на располагање, дали седиштето на Партијата е во приватна сопственост или под наем. И ако е под наем, колку изнесува тој наем и кому му се плаќа. За тоа што ќе се прави и купува, лично решава Бачев.

Второ, во изминатите месеци се дозна дека не само во раководствата на општинските комитети, туку и во Извршниот комитет има кодоши на службите. Против нив не се презедоа мерки, независно што во мај стигна информација дека список со членовите на Партијата, дури и со пресликани пристапници за членство, се однесени во Американската амбасада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top