| четврток, 6 декември 2018 |

Со пиштол и пијан и се заканувал на сопругата

Полицијата го уапсила И.С. од Пробиштип бидејќи пијан и вооружен со пиштол отишол кај сопругата со која живееле одвоено и и се заканувал дека ќе ја убие.

Според СВР Штип, И.С. пијан и вооружен со пиштол во 19.30 часот отишол пред својата куќа на улицата „Јане Сандански“ во Пробиштип. Насилникот почнал да тропа на вратата од делот на куќата во која живее неговата сопруга М.С. со која живеат одвоено. Насилниот маж ја скршил вратата, влегол во собата и почнал да се заканува. Потоа во куќата влегла и сестрата на сопругата, но истиот продолжил да ги навредува и да им заканува.

Полицијата го уапсила насилникот и му го одзела пиштолот што го поседувал со дозвола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top