| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на режисерот Бојаџи бил дел од групата приведени за криумчарење артефакти

Таткото на режисерот Јани Бојаџи е приведен во рамки на акција за сузбивање криминална група за криумчарење артефакти, велат од МВР за СДК.мк.

–Лицето А. Б. е лишено од слобода во склоп на акцијата на одделот за сузбивање на организиран криминал за сузбивање на криминална група во повеќе градови во државата, при што се привремено одземени голем број на артефакти, а лишени од слобода се 13 лица. Утре на прес-конференција ке ги соопштиме сите детали, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Во акцијата се уапсени 13 лица во неколку градови при што се привремено одземени голем број артефакти.

Режисерот вечерва објави дека во домот на неговите родители во Струмица утринава е извршен претрес по што татко му е приведен и донесен во полициската станица во Гази Баба во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top