Кумановското јавно обвинителство ќе треба да оцени, дали говорот на премиерот Зоран Заев, во Крива Паланка пред референдумот, е обид за поткуп на гласачи или не. Трите кривични пријави поднесени против Зоран Заев, се споени во една, од причина што сите го обвинуваат за едно исто дело.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ, Глас на Македонија и од Светскиот македонски конгрес го обвинија Заев дека, отворено на митинг, ги повикал бизнисмените со пари да ги мотивираат вработените да гласаат на референдумот.
На прашањето: Дали ќе постапат по допрен глас околу обвинувањата за полнење на гласачки кутии во Сарај и други места? Бајрами одговори дека, ги следат сите индиции за евентуално сторени кривични дела.
Обвинителството досега забележало четириесет прекршувања за време на гласањето, кои во основа се невлијателни врз гласачкиот процес. Во Скопје се регистрирани дваесетина инциденти кои биле незначајни. Соменвања за кривично дело се утврдуваат и за одредени настани во населба Аеродром, на пример едно лице ги омаловажувало гласачите, а подоцна се судрило и со полицајците кои дошле да интервенираат. Во Штип, на пример, сопруг на жена која се пријавила како неписмена и гласала со помош на Избирачки одбор, сопругот го искинал ливчето, откако не му се допаднал заокружениот избор. Констатирани се и одредени нарушувања на јавниот ред и мир, како и обиди да се фотографираат гласачки ливчиња.
Од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ синоќа најавија дека ќе поднесат 200 кривични пријави против претседатели, членови и заменици на избирачки одбори во: Центар Жупа, Сарај, Струга, Кичево, Желино, Боговиње и Пласница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст