Меѓународната полициска организација (Интерпол) денеска соопшти дека е запозната со информациите за „претпоставеното исчезнување“ на нејзиниот претседател Менг Хонгвеј, додавајќи дека случајот сепак е во надлежност на соодветните органи на Франција и Кина.
Како што јави ДПА, Интерпол во соопштението посочува дека „исчезнувањето“ на Менг не влијае врз работата на организацијата, бидејќи за секојдневното раководење со неа е одговорен генералниот секретар.
„Генералниот секретар на Интерпол нема повеќе да го коментира случајот“, се посочува во соопштението.
Претходно, беше соопштено дека француската полиција започнала потрага по претседателот на Меѓународната полициска организација (Интерпол), Кинезот Менг Хонгвеј, откако неговата сопруга пријавила дека „нема никаков глас“ од него по неговото заминување за Кина минатата недела.
Извори од француската полиција соопштија дека сопругата на Менг го пријавила исчезнувањето во полициска станица во Лион, каде се наоѓа седиштето на Интерпол.
Таа, според истите извори, изјавила дека нема никакви информации каде се наоѓа Менг, откако тој заминал за Кина на 29 септември.
Претставник на француските правосудни власти, кој побарал анонимност, соопшти дека Менг отпатувал од Франција и пристигнал во Кина „кон крајот на сепетмври“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст