Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, оствари средби со чешкиот премер Андреј Бабиш и со претседателите на Сенатот и на Долниот Дом на чешкиот парламент, Милан Штех и Радек Вондрачек.
На средбата со претседателот на чешката Влада, Андреј Бабиш, двајцата соговорници ја потврдиле подготвеноста за унапредување на меѓусебното пријателство и поддршка на билатерален и мултилатерален план.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека Република Македонија особено ја цени конзистентната и принципиелна поддршка од Чешка за нашите врвни стратешки цели – членство во НАТО и ЕУ, како и принципиелната употреба на нашето уставно име.
Македонскиот претседател изразил задоволство од севкупната соработка и поддршка од Чешка за време на бегалската и мигрантската криза.
– Посебно ја цениме соработката меѓу Македонија и Чешка поврзана со мигрантската криза и благодарни сме за доделената помош на македонската полиција за нејзино успешно менаџирање. Ваквата соработка претставува потврда дека Чешка е вистински пријател на Македонија, истакнал Иванов.
Македнскиот претседател и чешкиот премиер на средбата размениле информации и мислења во однос на бегалската и мигрантската криза.
иванов со претседател на чешки претставнички дом
Претседателот на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Милан Штех и претседателот на Долниот Дом на Парламентот на Чешката Република, Радек Вондрачек, на средбите со македонскиот претседател изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и дадоа поддршка за остварување на македонските стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО.
Првите луѓе на чешкиот Парламент изразиле подготвеноста за јакнење на соработката меѓу парламентите на двете земји со цел унапредување на законската легислатива во областа на миграциите, како и размена на податоци и искуства во справувањето со мигрантската и бегалската криза.
На средбите била искажана подготвеноста за продолжување на помошта од Чешка за Република Македонија на нашата јужна граница.
Со денешните активности Иванов ја заврши дводневната официјална посета на Чешката Република.
Вчера во Прага македонскиот претседател оствари средба со чешкиот претседател Милош Земан, од каде беа испратени пораки за актуелната политичка состојба во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст