| четврток, 6 декември 2018 |

Отишол да земе материјал: Гостиварец починал вчера пред столарска работилница

Вчера околу 12 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека околу 12 часот во Гостивар, пред столарска работилница на улица „Васил Василески“, сопственост на Љ.М. (75), починал Л.К.(63) од Гостивар.

Тој, според пријавеното, дошол да земе отпаден материјал од обработката на дрвата, му се слошило и починал.

Смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top