| четврток, 6 декември 2018 |

Случај Титаник – Одбраната рeагира, судскиот совет и главен судија го ускратуваат нивното право

Уште еден апсурд на рочиште во случајот „Титаник“ каде претседател на судскиот совет е судијата Осман Шабани, а втор судија Огнен Ставрев, син на поранешниот премиер и претседател на Македонија во комунизмотпомеѓу 60тите и 80 тите години на минатиот век.

Адвокатката Татјана Попоска Булоски, уредно го најавила своето отсуство поради службен пат уште на минатото рочиште пред 10 тина дена. Но судијата Осман Шабани донел решение со кое судското рочиште продолжува без одбрана за дел од обвинетите во овој случај. Со ова, велат правниците, судијата повредил повеќе права и принципи.

-Прво направи дискриминација. Вчера истиот овој судија и судски совет го одложи судењето на Елизабета Канчевска заради неприсуство на адвокат. Денеска истиот судски совет и главен судија на Биљана Бошковска Бришкоска и го ускрати правото на одбрана, и го продолжи судењето без да биде застапувана од адвокат по нејзин избор. Класична ситуација на повреда на правото на правично судење,
велат од одбраната.

Правниците тврдат сека со ова се повредени сите начела на Законот за кривична постапка, како и повреда на законските права на обвинет загарантирани и утврдени во Законот за кривична постапка, Европската конвенција за човекови права и Уставот на Република Македонија. Запрашуваат дали со ова продолжува праксата на секое рочиште судот и СЈО отворено да го демонстрираат, како што велат, политички прогон на поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Од одбраната додаваат дека во овие политички случаи иако се водат незаконски и фабрикувани постапки против обвинетите, власта ги користи во правец да го дискридитира ВМРО-ДПМНЕ дека бара амнестија за обвинетите, а всушност станува збор за политички прогонувани лица, за кои единствено што може да бара ВМРО-ДПМНЕ е прекин на политичкиот прогон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top