| четврток, 6 декември 2018 |

Куче миленик уби новороденче

Дваесет дена старо новороденче го загуби животот откако во средата беше нападнато од белгиски овчар, куче миленик на семејството. Трагедијата се случила за време на ручекот во семејната куќа во Ла Зарза, предградие на Фаснија, Тенерифе (Шпанија).

Родителите се обиделе да го спасат несреќното дете од кучето, кое го гризело новороденчето по главата, по што побарале помош од властите и итната служба. Лекарите и медицинскиот персонал се обидувале да го спасат животот на детето повеќе од половина час, но за жал не успеале.

Во Фаснија е прогласен Ден на жалост, а градоначалникот на овој град рече дека настанoт ги шокираше сите жители на градот и дека знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во општините и на објектите на кои се истакнати државни обележја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top