Во Кинотеката на Македонија денеска и утре ќе се одржува есенското издание на фестивалот „Скопје синема сити“ кој е фокусиран на музиката и нејзиното филмско претставување.
Ќе биде отворен вечер од 19 часот со српскиот документарен филм „Како да беше некогаш“ на режисерот Душан Весиќ, биографски филм за култниот бенд „ЕКВ“ од Белград. На проекцијата на филмот ќе присуствува и Весиќ, кој ќе биде достапен за прашања од публиката. Оваа година тој објави биографија и на Маргита Стефановиќ „Како таа да беше некогаш“, која ќе биде промовирана за време на неговиот престој.
Во терминот од 21.30 во Кинотека ќе биде прикажан „Звуци и тишина: патешествијата со Манфред Ајхер“ – швајцарски документарец за основоположникот и главен музички продуцент на музичката издавачка куќа „ЕСМ“ основана во 1968 година.
Од 20 часот утре е британскиот „Постигни или умри“ – филм за животната приказна на Ланг Ланг – т.е. како едно дете од рурална Кина станува еден од најдобрите светски пијанисти. Од 21.30 утре е францускиот документарен филм „Стив Рајш: Соочување со фазата“, посветен на еден од основоположниците на минимализмот во класичната музика.
Фестивалот е организиран со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст