| четврток, 6 декември 2018 |

Го фатиле кај Смоквица: Скопјанец пренесувал мигранти од Авганистан и Шри Ланка

Синоќа околу 21 часот на клучката во село Смоквица, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р. (45) од с. Арачиново, скопско.

Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top