| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица вчера пријавени за исчезнати: Тетовец не си го видел внукот цели 3 години

Во текот на вчерашниот ден, три лица биле пријавени за исчезнати во полициските станици ширум земјата.

Во 12.50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово, Н.Т. (47) од с. Камењане – тетовско, пријавил дека од октомври 2015 година во непознат правец се оддалечил неговиот внук В.Р. (23) од с. Долно Палчиште–тетовско. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во Полициската станица Кисела Вода, М.А. (62) од Скопје пријавил дека минатата среда од домот во непознат правец се оддалечила Б.Г. (57). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 22 часот пак во Полициската станица Прилеп, Т.В. (72) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 11.00 часот од домот во непознат првец се оддалечил нејзиниот син З.Т. (45). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top