– Апсолутно е неточна информацијата дека сум го обвинил СДСМ за неуспех на референдумот. Напротив, реков дека референдумот е најлегитимен изборен процес од осамостувањето на државата до денес. Никаде не сум спомнал за никаква одговорност ниту од СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ. Ние од ДУИ од самиот старт имавме став дека не треба да се одржува референдум, туку дека Собраниеот треба да одлучува за ова прашање, изјави за „Република“ Артан Груби, пратеникот од редовите на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за европски прашања.
Инаку денеска, дел од медиумите на албански јазик објавија дека Груби го обвинил СДСМ за неуспех на референдумот, информација која тој ја демантира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст