| четврток, 6 декември 2018 |

Загина 37-годишнен тракторист

Синоќа, во несреќен случај во атарот на село Сушица, на место викано Обре, општина Ново Село, загина 37-годишниот К.М. Информацијата ја потврдија од СВР Струмица.

Управувајќи  трактор  загинатиот според првичните сознанија излетал од патот, по што паднал во бездна, а несреќниот тракторист завршил под тракторот.

Од здобиените повреди починал на местото на несреќата, а во извлекувањето на починатиот К.М. учествуваа и пожарникари.

Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top