| четврток, 6 декември 2018 |

На прв поглед, немало ништо сомнително: Србин во чорапа се обидел преку граница да пренесе 110.000 евра

Во петокот српските цариници на граничниот премин Бачки Брег, спречиле пренос на непријавени девизи во износ од 110.000 евра. Парите биле пронајдени кај 41-годишен српски државјанин кој од Австрија со Мерцедес доаѓал во својата родна земја.

Иако изјавил дека покрај личните ствари и четири столици, со себе носи само износ од 5.000 евра и немало ништо сомнително за првите службеници кои го прегледале неговиот багаж, деталниот преглед утврдил дека во торбичката која ја носел има 110.000 евра, замотани во чорап и ставени во кеса.

На патникот му биле вратени само 10.000 евра, со оглед на тоа дека таа сума пари е дозволениот лимит да се пренеси преку граница без пријавување

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top