Добро е познато дека Путин се грижи за својот физички изглед бидејќи на 65 години изгледа повеќе од одлично. Сепак, експерт за пластична хирургија од Лондон вели дека рускиот лидер имал некои зафати што го чинеле речиси 9.000 евра, пишува „Дејл стар“.
Во текстот се истакнува дека овие пари не се трошок за Путин бидејќи тој, имено, е најбогатиот човек во светот.
Ејми Скот од истата компанија вели дека Путин дефинитивно поминал низ многу суптилна постапка во пластичната хирургија за да изгледа помлад.
Шпекулациите за овој случај кружат долго време и она што сите го посочуваат како аргументи на ова тврдење е фактот дека Путин го променил својот изглед драстично по влегувањето во политиката во текот на 90-тите.
Неговото лице е пополнето, очите изгледаат стеснети и се чини дека има помалку брчки. Според „Дејли стар“, се чини дека Путин сето тоа го прави со цел што подолго да остане на позицијата како еден од најмоќните луѓе во светот.
Ејми Скот верува дека Путин употребил ботокс, ставил филери во образите и хируршки ги средил очните капаци.
Путин ќе остане на власт до 2022 година и дали ќе одлучи да се кандидира за петтиот мандат останува да се види.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст