Руското министерство за надворешни работи вели дека Преспанскиот договор им противречи на меѓународното право и на македонскиот устав, цитирајќи го говорот на претседателот Ѓорге Иванов во Обединетите Нации, во соопштението за референдумот за името на 30 септември. Според руското МНР, излезноста од 36,8% не дозволува да биде признаен референдумот и јасно покажува дека македонските гласачи претпочитаат бојкот.
„Две третини од населението во Македонија не го поддржа Преспанскиот договор. Нашата принципиелна позиција останува непроменлива: долгорочно решение може да биде најдено од самите две страни, без надворешни мешања, исклучиво во рамките на правото и со широка општествена поддршка. Преспанскиот договор не ги исполнува овие критериуми. Договорот им противречи на меѓународното право и на македонскиот устав, како што неколку пати нагласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вклучувајќи и од говорницата во Генералното собрание на Обединетите Нации“, се вели во дел од соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст