Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Отворено студио на Алфа подвлече дека референдумот е дебакл за политиките на власта и црвен картон кој народот му го дава на Зоран Заев.
На прашањето дали некои пратеници од партијата ќе гласаат за уставни измени, Мицкоски смета дека не само што нема да добие поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, туку не треба да добие поддршка од ниту еден пратеник во Собранието бидејќи референдумот покажа дека граѓаните не го поддржуваат Договорот со Грција.
-Што се однесува до изборите, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено во секое време за избори. Референдумот вчера беше битка за Македонија, а народот му даде црвен картон на Заев. Ние бараме оставка од Државниот Јавен обвинител, неотповиклива оставка, и нов јавен обвинител кој ќе биде предложен од опозицијата и кој ќе се позанимава со сите нерегуларности кои се случија вчера, но и изминатава година ипол. Не може на секои 15 секунди некој да гласа. Треба да се констатираат виновниците и да се изнесат пред лицето на правдата, дециден е Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст