| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Пратениците немаат мандат да го менуваат Уставот спротивно на одлуката донесена на референдум

– Секое натамошно кршење на волјата на граѓаните искажана на референдумот од страна на власта ќе се смета за уште еден науставен чин и повреда на демократските принципи! Волјата на мнозинскиот народ е очигледна! Мнозинството не го прифаќа договорот од Преспа и се противи на промена на името и идентитетот, пишува универзитетската професорка Тања Каракамишева на Фејсбук.

– Пратениците немаат мандат да го менуваат Уставот спротивно на одлуката донесена на референдум!Согласно чл. 73 од Уставот, одлуката донесена на референдумот без разлика каков е карактерот на референдумот е задолжителна за сите, и за граѓаните, и за власта, и за опозицијата, додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top