НУ Музеј на македонската борба – Скопје во рамките на Проектот „Отворени музеи“ унапредување на инклузивноста, едукацијата, социјалната правда и пристапноста на музеите на 2 октомври 2018 г., со почеток во 10 часот, ќе организира Промоција на водич за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства и Семинар за музејски работници. На промоцијата, која е дел од музејските активности за Европските денови на културно наследство, ќе се обрати министерот за култура, Асаф Адеми, директорката на НУ Музеј на македонската борба – Даниела Николова, авторите и претставници на партнерите во проектот.
Главна цел на проектот е промоција на културното наследство, подобрување на пристапноста на музејските содржини и иницирање иден развој на музејски програми за подобрување на инклузивноста на ранливите групи во општеството – деца со аутизам и нивните семејства.
Проектот се реализира во соработка со ПОУ Д-р Златан Сремец – Скопје и Македонското научно здружение за аутизам МНЗА, а е финансиран од Делегацијата на ЕУ во рамки на одбележување на 2018, Европската година на културното наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст