Во вторник, 2 октомври, во Музејот на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се отвори заедничка изложба на масла на платно на Славко Јаневски и скулптури во бронза на Томе Серафимовски. На изложбата, што ја организира Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе бидат претставени повеќе од 50 дела на овие двајца бардови на македонската култура.
Куратор на изложбата е Емил Алексиев, за делата и уметниците ќе говорат Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов, стихови од Јаневски ќе говори Висар Вишка, а музичката придружба ќе ја обезбеди Тони Китановски на гитара.
За разлика од творештвото на Серафимовски, ликовното дело на Славко Јаневски помалку ѝ е познато на јавноста и ова ќе биде уникатна можност публиката одблиску да се запознае со овој сегмент од уметничкото творештво на нашиот великан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст