Договорот не поминува. Имаме длабоко неуспешен референдум, политиката на Зоран Заев доживеа дебакл, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конфернеција.
– Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка, односно бројот на граѓаните кои апстинираа е драстично поголем од оние кои гласаа за Договорот. Договорот со Грција доби ‘стоп’ од народот, а не зелено светло. Народот покажа исклучителна демократска и патриотска свест. Граѓаните кои одбраа со апстиненција да кажат што мислат ја испратија најгласната порака „Ова е Македонија“ – рече тој.
Мицкоски обвини за обид за фалсификување на волјата на народот во некои општини и рече дека за тоа ќе се бара одговорност.
– ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе ве победиме. Ова не е само пораз за Договорот со Грција, туку и за криминалот на власта. Власта го изгуби легитимитетот и треба да ја почитува волјата на народот – порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи