Денес, еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине! Денес, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други наши сонародници – солидарно, преку организиран масовен бојкот на илегалниот референдум, покажаа сплотеност и заедништво во отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните елити и го одбрани асномскиот карактер на Републиката, се вели во првичната реакција на Левица по затворањето на избирачките места за референдумот запромена на името и зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО.
Левица обзнанува дека референдумот за промена на уставното име на Републиката, според домашните и меѓународните важечки регулативи, и официјално е неуспешен.
„Во задолжителна правна сила останува плебисцитарно донесената одлука од Референдумот за независност 1991, каде што е утврдено единственото име на државата – Македонија“, се вели во реакцијата на Левица од каде најавуваат дека вечерва делегација на партискиот президиум 20.30 часот, ќе се поклони пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“.
„Истовремено, ја повикуваме Владата на РМ, поради целосното губење на легитимитетот, под итно да поднесе неотповиклива оставка, а Собранието на РМ – како распишувач на овој срамен и пропаднат Референдум, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори“, пишува во соопштението на Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст