| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе ја води Македонија против волјата на народот

– Денеска имавме мирен и демократски референдумски ден. Македонија и граѓаните покажаа дека се дел од европското семејство. Граѓаните гласаа достоинствено и слободно. Секој граѓанин донесе своја одлука по сопствено убедување. Референдумот е најдемократската алатка. Гласот на референдумот е конечен, а волјата на граѓаните е неприкосновена и волјата мора да биде испочитувана, изјави премиерот Заев во своето обраќање од прес центарот во Александар Палас по завршувањето на денешниот референдум на кој според последните податоци на ДИК до 18.30 часот излегле само 34 проценти од гласачите.

Како што рече тој, успехот е заеднички на нашата земја и сите граѓани.

– Без разлика на организираниот бојкот од ВМРО-ДПМНЕ, со чест на исклучоци, очекувам огромно мнозинство од граѓаните дека избраа ЗА. Сега, гласот на граѓаните, волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претопи во политичка одлука во Законодавниот дом. Ако навистина е како што очекуваме сите, имаме големо и видливо мнозинство ЗА…тогаш јасна е иднината, гласот на пратениците треба да биде за одлучно и одговорно да ги забрзаме процесите за НАТО и ЕУ и за подобар живот на нашите деца и на Македонија, рече Заев.

Тој дополни дека очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на граѓаните, во спротивно како што рече, „ќе треба да ја употребиме другата демократска алатка – а тоа значи предвремени парламентарни избори веднаш“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top