| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: Не сум имал ден во кој сум донел поголема и поважна одлука

 

– Во мојот живот не сум имал ден во кој сум донел поголема и поважна одлука за моите деца, за моето семејство, но и за сите граѓани, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи откако гласаше на референдумот на гласачко место во ОУ „Адем Јашари“ во општина Чаир.

Според него, граѓаните се свесни за одлуката што ја носат и денеска масовно ќе излезат од сите етнички заедници и од сите генерации.

– Денешниот ден е неповторлив. Неповторлив по можноста што ја нуди. Нема да имаме друг ден во наредните генерации кој ни нуди ваква можност да ја утврдиме иднината на генерациите кои доаѓаат во мир и во економска благосостојба, додаде Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top