| четврток, 6 декември 2018 |

И охриѓани останаа дома

Изјаснувањето на граѓаните по однос Референдумот во општините Охрид и Дебрца се одвива непреченo на сите гласачки места.

Претседателот на ОИК на Охрид Димитрија Вревезоски изјави дека според Единствениот избирачки список во кој се запишани и граѓаните кои живеат во странство до 13 часот правото на глас го искористиле 8.598 граѓани или 16,48 отсто од граѓаните, додека според Општиот избирачки список кој е прочистен излезноста до 13 часот е 19,47 проценти.

Претседателот на ОИК на Дебрца Сашо Суклоски изјави дека на гласачките места во таа општина до 13 часот на гласање излегле 539 од 4.460 граѓани што е 12,08 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top