| четврток, 6 декември 2018 |

Цивил: СДСМ и Левица го кршат референдумскиот молк

Од Невладината организација обвинуваат дека партиите СДСМ и Левица отворено го прекршуваат референдумскиот молк, првата партија преку акитација од страна на нејзини активисти, втората партија преку делење флаери.

Како што стои во нивното соопштение, грубо кршење на референдумскиот молк било регистрирано во Радишани во текот на попладневните и вечерните часови на 28 септември.

„ Изборниот молк го крши партијата Левица. Флаери потпишани од Левица со порака „Бојкотирам“ беа фрлени во влезовите во зградите во центарот на Скопје, вклучувајќи го и влезот во седиштето на ЦИВИЛ во утринските часови на 29 септември.

„До нашите долгорочни набљудувачи стигнаа пријави од граѓанин за агитација и во општина Лозово, од страна на активисти на СДСМ во време на молкот, на 28 септември. Кршење на референдумскиот молк во Центар, Бутел и Прилеп, се бележи и во Штип, Кочани, Пробиштип, Гази Баба и неколку други општини низ целата земја. Тимот за анализа и координација на ЦИВИЛ обработува уште триесетина извештаи од цела Македонија, посочуваат од Цивил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top