| четврток, 6 декември 2018 |

Жените пијат исто колку и мажите

Конзумацијата и злоупотребата на алкохол најчесто се поврзува со мажите, но, според новите истражувања, се чини дека оваа прдрасуда е веќе минато.

На почетокот на 20. век, мажите конзумираа двапати повеќе алкохол од жените и имаа четирипати поголема веројатност од здравствени проблеми околу тоа.

Меѓутоа, научниците утврдија дека таа разлика со тек на времето се повеќе се намалувала, па сега бројките се речиси изедначени. Во 90-те години на минатиот века таа изнесувала 1,1 пати.

Во анализата објавена во списанието „Би-Ем-Џи“, со кое биле опфатени четири милиони лица, родени помеѓу 1891 и 2001, покажува дека заедно со пушењето, загадувањето и високиот крвен притисок, алкохолот е меѓу најголемиот причинител на болести во светот. До 2010, за пет отсто од смртните случаи причината бил алкохолот.

Студијата сепак недава објаснување за намалувањето на гореспоменатата разлика меѓу мажите и жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top